Нови главоболки за Гвардиола: Де Бруин ќе паузира еден месец

Белгискиот интернационалец Кевин де Бруин повторно ќе мора на принудна пауза која ќе трае околу триесетина дена по најновата повреда на коленото што ја заработи на мечот против Фулам во Карабао купот на Англија. Играчот за врска на Манчестер сити неодамна се врати во тимот откако паузираше од средината на август поради слична повреда, на лигаментите на десното колено.

Де Бруин се повреди по еден груб старт што над него го имаше Тимоти Фосу – Менса, а по денешните лекарски прегледи утврдено е дека има сериозно истегнување на лиганентите на коленото. Тој ќе мора да мирува дваесетина дена, а потоа полека да почне со лесни тренинзи. Тој сигурно ќе го пропушти градското дерби со Манчестер јунајтед, како и дуелите со Саутемптон со Вест Хем во Премиер – лигата, но и мечевите од Лигата на шампионите против Шахтјор Доњецк и против Лион.

Се вчитува...