Фудбалерите на Реал Мадрид ја немаат одбрането титулата шампион на Шпанија од 2008 година. Минатата година доминантно ја освоија титулата и го засилија одличниот тим со доведувањето на Килијан Мбапе, но првенството не започна баш најдобро за Реал и веќе заостануваат четири бода зад Барселона.
Бразилскиот дефанзивец Едер Милитао стана нова жртва откако заработи повреда на мускулот на тренингот во репрезентативниот камп. Милитао е осмиот играч на кого Анчелоти нема да може да смета од почетокот на сезоната.
Реал Мадрид беше особено погоден во средниот ред, бидејќи за кратко време се повредија клучните играчи Белингем, Камавинга и Чуамени, а надвор од терените е и Дани Себаљос. Следниот натпревар Реал Мадрид го игра на 14. септември против Реал Сосиедад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА