Нови главоболки за Стефано Пиоли

Екипата на Милан може да остане без услугите на Томазо Побега долго време. Играчот од средниот ред се здоби со повреда на натпреварот со Монца во неделата, а првите прегледи покажаа дека станува збор за оштетување на тетивата на левата нога.

Фудбалерот идната недела ќе биде подложен на нови тестирања, а потоа ќе се знае дали ќе оди на операција. Доколку се случи тоа, тогаш Милан ќе остане без неговите услуги неколку месеци.

Ова е уште еден проблем за тренерот Стефано Пиоли кој во изминатите месеци едвај го крпеше тимот поради повреди. Вакви повреди имаа и Калулу, Леао и Лофтус-Чик во различни периоди во минатите недели. Навивачите, пак, сметаат дека токму Пиоли е виновникот за честите повреди на играчите.

На средбата со Монца, исто така се повреди и Ноа Окафор. Во моментов надвод од стројот е и Малик Тиао.

Се вчитува...