Нови големи проблеми за Алонсо – Реал Мадрид до крајот на сезоната без својот дефанзивец

Нема крај на проблемите за Реал Мадрид, покрај поразот од Селта кој сериозно ги загрижи навивачите и му зададе главоболка на тренерот Алонсо, има и лоши вести за Едер Милитао.

Бразилецот имаше две сериозни повреди во претходните две сезони, поради што неговиот број на натпревари во Примера беше ограничен на само 22, а оваа сезона не можеше да помине без лоша среќа.

На натпреварот со Селта, 27-годишниот фудбалер мораше да ја напушти играта во 20. минута со помош на медицинскиот персонал на Реал, а на прегледот беше утврдено дека има скинат бицепс феморис на левата нога, а зафатена е и тетивата.

Прогнозите се дека може да биде надвор од терените дури четири месеци.

Се вчитува...