Тренингот во Сена за пливање на отворени води е откажан бидејќи водата не е соодветна за пливање, објавија организаторите на Олимпијадата во Париз.
Ова е петти откажан тренинг од почетокот на Олимписките игри, откако првите четири беа за триатлон, поради што триатлонот кај мажите беше одложен за еден ден.
„По дневниот ситуационен состанок утринава помеѓу Вил де Париз, Париз 2024 и Светската пливачка федерација, одлучено е тренингот закажан за денеска, 6 август 2024 година, да биде откажан“, се вели во соопштението на Светската пливачка федерација.
Не беше наведена причината за откажувањето, но се вели дека повеќе информации ќе бидат достапни подоцна. Состанокот на лидерите на тимовите и брифингот на тренерите ќе продолжат според планираното.
Француските власти потрошија 1,4 милијарди евра за подобрување на канализациониот систем во главниот град, ветувајќи дека реката ќе биде доволно чиста за да може да се плива во неа. Во четврток и петок се закажани пливачките маратонски трки за жени и мажи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА