Нови информации за страшната несреќа на Тајгер Вудс – Успешно е опериран, го чека долга рехабилитација

Најдобриот голфер на сите времиња, Тајгер Вудс се јави по тешката сообраќајна несреќа и операцијата која следуваше по неа.

Тој излета од пат, по што автомобилот беше целосно скршен, а американските медиуми пренесоа дека доживеал повеќекратна скршеница на нозете. За среќа по пристигнувањето во болница беше објавено дека е надвор од животна опасност.

„Господин Вудс имаше тешка ортопедска повреда на долните екстремитети кои се санирани со итна интервенција. Отворените повреди на тиблата и фибулата се стабилизирани. Исто така дополнителните повреди на стапалото се стабилизирани. Траумата на мускулите и другите делови на ногата бараат дополнителна нега и по оперативниот зафат“, стои во соопштението на неговиот официјален профил на Твитер. 

Се вчитува...