Пол Погба очигледно нема да може брзо да се врати на теренот, откако лекарите констатирале дека Французинот мора да оди на операија.
Повредата на Пол е посериозна од очекуваното и неговото враќање на теренот ќе се оддолжи, пренесуваат италијанските медиуми.
Погба има повреда на менискусот на коленото и се одлучи за конзервативна терапија, но после еден месец нема никаков напредок.
Поради тоа денес Французинот ќе мора да биде опериран, за целосно да се реши проблемот со менискусот.
Тоа значи дека ќе му следува период на рехабилитација од 40 до 60 дена, па многу е веројатно Погба да заигра за Јувентус дури после Мундијалот во Катар.
#SerieA | @juventusfc, oggi l’operazione di #Pogba: i test in campo degli ultimi giorni non hanno dato esito positivo https://t.co/dOlnf8GPWn
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) September 5, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА