Нови лоши вести утринава пристигнале за Реал Мадрид и Карло Анчелоти, откако на тренингот не се појавил Карим Бензема.
Според шпанските медиуми тој нема да биде во комбинација најмалку за следните два натпревара на „кралскиот клуб“.
Карло Анчелоти ги подготвува фудбалерите за дуелот со Џирона во Ла Лига, а Бензема мора да мирува за да се избегне посериозна мускулна повреда. Иако клубот се уште не потврдил, Бензема нема да биде во комбинација за средбата со каталонскиот ривал, а се очекува да го прескокне и дуелот со Селтик во Лигата на шампионите.
Денеска не тренирал и Родриго кој исто така е неизвесен за пресметката во Ла Лига, додека добрите вести се поврзани со Феде Валверде и Лука Модриќ кои тренирале со соиграчите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

