Нови маки за Венгер: Жиру ќе паузира најмалку шест седмици

Францускиот напаѓач Оливие Жиру ќе паузира најмалку шест седмици од фудбалските терени по повредата на бутниот мускул на десната нога што ја заработи на мечот против Вест Хем. Ова секако ќе предизвика нови главоболки за менаџерот Арсен Венгер, со оглед дека првичната дијагноза беше далеку пооптимистичка, дека тој ќе може да се врати во ритам за три седмици.

Сепак, по деталните лекарски прегледи, утврдено е дека Французинот ќе мора да паузира до средината на февруари, а тоа можеби ќе ја уништи и неговата идеја да си замине од Арсенал оваа зима. Жиру сака да има поголема минутажа за да се наметне кај селекторот Дидие Дешамп за настап во француската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Русија.

Се вчитува...