Македонската репрезентација во традиционално карате од Обединетиот Балкански карате шампионат во Тарговиште, Романија се враќа со освоени две златни, четири сребрени и три бронзени медали.
Со злата се закитија Дејан Недев во кати за постари сениори и Аљоша Недев во сениори, сребрени медали освоија Јана Милевска во кати-кадетки, Берта Милевска во кумите и фукуго за младинки и Ристо Сакалиев во кати за ветерани.
Трето место и бронзени одличја освоија Јана Милевска во кого кумите-кадетки, Берта Милевска во кати-младинки и Петар Костов во кати-младинци.
На Балканскиот шампионат во Тарговиште од 20 до 22 април учествуваа над 300 напреварувачи од девет држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА