Младата репрезентација на Македонија на најдобар можен начин, со победа од 2-1 против Црна Гора, го заврши успешниот квалификациски циклус за пласман на ЕП, завршувајќи на второто место во групата со 18 бода, единствено зад повеќекратниот европски и светски шампион Шпанија.
Благоја Милевски и момците одработија десет квалитетни дуели, на крајот останувајќи покуси само за неколку бода од пласман на ЕП. Но, сер Боби очигледно подготви нови момци кои веќе имаат и „сениорски шмек“ за во иднина. Дарко Чурлинов, Митровски, Даци, Тошевски, Фазлагиќ, Бојан Миовски, Јанков и останатите без сомнение остануваат сериозен кадар и за идните сениорски предизвици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА