Продолжуваат најавите за одлив на фудбалери од Работнички. Засега има најави дека од таборот на „романтичарите“ ќе си заминат Арменд Алими, Андреј Кировски, Марио Станковски, Иво Јанакиевски, а голема е веројатноста од тимот да замине и напаѓачот Анес Рушевиќ, како и голманот Бојан Тимевски.
Тимевски дојде во Работнички на почетокот на оваа година од Тетекс, а во минатото беше дел од младинските категории на Вардар. Рушевиќ исто така после една година е на излезна врата од тимот од Дебар Маало.
Работнички во пролетниот дел ќе има сосема нов лик, откако има најави за заминување и на Методи Максимов, кој е пред трансфер во тетовска Шкендија. Тоа би значело дека најмалку шест играчи би можеле да го напуштат тимот, иако се стравува дека таа бројка нема да биде конечна и дека зимава ќе има уште заминувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА