Мечот меѓу Монпелје и Клермон во француската Лига 1 беше е прекинат поради повреда на голманот на гостинската екипа Мори Диав.
Поранешниот голман на младинскиот тим на ПСЖ се местеше да изведе слободен удар кога од трибините полета петарда и пукна во близина на неговата нога и го повреди.
Играчите на Клермон го напуштија теренот, а по неколку минути тоа го сторија и домашните играчи. Во моментот кога беше прекинат мечот Монпелје водеше со 4-2.
🚨🚨 Des idiots ont lancé un pétard en direction de Mory Diaw, gardien de Clermont..
🔴Image choquante! #Ligue1UberEats #MHSC pic.twitter.com/rMQXLNLRzg
— 🚨DIRECT DÉBAT 🚨 (@DebruyneJulien2) October 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА