Само што му беше сменета затворската казна со парична, Лионел Меси повторно влегува во даночни проблеми. На сметка на Аргентинецот стигнаа нови обвинувања за затајување данок.
Шпанскиот весник „АБЦ“ пишува дека аргентинскиот фудбалер преку фондацијата на негово име прикрил повеќе од 10 милиони евра. Според весникот не може да се докаже дека проектите ги решиле проблемите на децата со што се занимава фондацијата „Лионел Меси“ од нејзиното основање. Врз основа на документацијата собрана од 2007 до 2015 година, весникот тврди дека Фондацијата криела голем дел од обртот на пари, но и дека не постоела само една фондација.
Правата од трите фондации на фудбалерот е формирана во 2007 година со седиште во Барселона, втората е формирана во 2007 во Аргентина, а третата три години подоцна повторно во Каталонија. Една служела како покритие за приватните зделки на семејството на Меси. Последицата од овие финансиски малверзации во кои директно е вклучено името на фудбалерот на Барселона. Според тврдењето на „АБЦ“ во овие активности на Фондациите на Меси, најмалку 10 милиони евра не се пријавени на властите во Шпанија и во Аргентина.
Лионел Меси на 24 март беше осуден на 21 месец затвор поради затајување данок, но пред неколку дена затворската казна беше сменета во парична, а на Меси му е наложено во текот на 21 месец да плаќа по 400 евра дневно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА