Германскиот магазин „Der Spiegel“ го продолжува серијалот објави на инкриминирачки документи поврзани со случувањата во светскиот фудбал. Најновиот објавен скандал се однесува на актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити. Според информациите на магазинот, Сити манипулирал со спонзорските договори со цел да ги изигра правилата на Финансискиот фер-плеј.
Наводно, во 2013 година, официјални лица на клубот дискутирале за тоа како да биде избришан дефицитот од 9,9 милиони фунти.
Исто така се тврди дека сопственикот на клубот, Шеикот Мансур овозможувал финансиски бенефити во Абу Даби на спонзорите од веќе постоечките договори за тие да инвестираат повеќе пари во клубот.
Обвинувања на сметка на Манчестер Сити, минатата година дојдоа и од претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, но УЕФА тогаш одговори дека клубот воопшто не е под истрага.
Единствената година во која УЕФА го казни Сити за прекршување на Финансискиот фер-плеј е 2014. „Der Spiegel“ тврди дека ваквата казна е смешна и оти УЕФА воопшто не била свесна за размерот на манипулациите кои ги правел англискиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА