Нови откази во Манчестер Јунајтед

Еден од сопствениците на Манчетер Јунајтед, Џим Ретклиф продолжува да ги намалува трошоците на клубот со нова серија на откази по која се очекува без работа да останат од 100 до 200 работници. Се очекува да биде затворена и канцеларијата на клубот во Лондон.

Овој потег на Ретклиф е реакција на големата загуба од 300 милиони фунти која ја има славниот англиски клуб во последните три години.

Откако Ретклиф го превзема Манчестер Јунајтед без работа останаа околку 250 луѓе. На вработените им е укинат и ручекот на денот на натпреварот, а не беше организирана ниту Божиќна прослава.

Легендата на клубот, Алекс Фергусон кој ја врши амбасадорската улога до крајот на годината нема да прима плата, а и повеќе нема да патува на натпревари и разни организации на сметка на клубот.

Се вчитува...