Двете најдобри екипи сезонава во Источната и Западната конференција во НБА лигата, Кливленд кавалирс и Оклахома сити тандер забележаа нови победи.
Кливленд славеше на гостувањето кај Вашингтон визардс со 124-134. Донован Мичел со 33 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 45 поени на Џордан Пул.
До победа стигна и Оклахома која без проблеми на домашен терен го совлада Торонто репторс со 121-109. Џејлен Вилијамс со 27 поени беше најдобар поединец кај Тандер, додека кај Торонто Скоти Барнс постигна 21 поен.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Шарлот – Сан Антонио 117-116, Детроит – Филаделфија 125-112, Бруклин – Мајами 102-86, Атланта – Милвоки 115-110 и Феникс – Јута 135-127.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

