Нови победи за македонските кикбоксери на Светското првенство во Абу Даби (ФОТО)

Нови победи за македонските кикбоксери и во денешните квалификациски борби на Светското кикбокс првенство кое се одржува во Абу Даби, ОАЕ.

Победа забележа во стартната своја борба Нелсон Узеир против Лоренц Мартин од Чешка со 3-0, а триумф запиша и Стефан Михајловски на денешните квалификации во дисциплината Кик лајт против Јанак Михаил од Словачка.

Нелсон Узеир
Стефан Михајловски

На стартот од своите натпревари на шампионатот победа забележа и Лука Кипровски против Агбокоу Цодјо Грегорје од Бенин.

Максим Митровски

Најмладиот македонски репрезентативец Максим Митровски имаше одлична борба против турскиот репрезентативец Сонмез Сефа, меѓутоа се здоби со повреда во текот на мечот. И покрај тоа максимално напорно ја издржа борбата до крај, но не успеа да извојува победа во денешните квалификации на шампионатот.

Се вчитува...