Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс доживеаја нов пораз на источната турнеја откако синоќа загубија на гостувањето кај Орландо меџик со 118-106.
Вагнер со 32 и Банкеро со 30 поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 32 поени на Лука Дончиќ.
Нов пораз без Никола Јокиќ во тимот забележа и Денвер нагетс кој загуби на домашен терен од Чикаго булс со 119-129.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Торонто 104-112, Индијана – Минесота 119-103, Бруклин – Далас 101-120, Њу Орлеанс – Филаделфија 112-99, Сакраменто – Бостон 95-113 и Феникс – Милвоки 108-16.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА