Нови проблеми на ОИ: Откажан тренингот на триатлонците во Сена, водата била премногу валкана

Дождот кој падна во петокот и саботата во Париз ја извалка Сена и ги натера организаторите да го откажат тренингот за триатлон планиран за недела наутро во реката, но и покрај тоа тие се „уверени“ дека натпреварувањето во тој спорт ќе се одржи во вторник и среда. Триатлонот е првиот олимписки настан што се одржува во Сена, пред пливањето на отворени води во вториот ден од Олимписките игри во Париз.

Организацискиот одбор на Олимписките игри, Меѓународната триатлон федерација, како и локалните власти донесоа „заедничка одлука за откажување на пливачкиот дел од воведниот триатлон“ закажан за в недела, бидејќи „водостоите не даваат доволна гаранција“. според соопштението за медиумите.

Организаторите потенцираа дека „здравјето на спортистите е приоритет“. Некои од натпреварувачите одлучија да тренираат во базен. Возењето на велосупед ќе се одржи според планираното.

Се вчитува...