Италијанскиот селектор Џанпјеро Вентура се соочува со нови проблеми околу составот на „аѕурите“ за претстојните квалификациски дуели против Македонија и Албанија. Откако во текот на вчерашниот ден беше обелоденето дека Белоти и Верати нема да бидат во комбинација, денеска Вентура остана без уште двајца фудбалери, двајцата од средниот ред.
Станува збор за двоецот на Рома, Де Роси – Пелегрини, откако двајцата фудбалери за врска се пожалиле на повреди по големото дерби со Милан. На местото на Де Роси повикан е Роберто Галјардини од Интер, додека наместо Пелегрини дел од националниот тим станува членот на Аталанта, Брајан Кристанте, кој се запиша меѓу стрелците на дуелот со Јувентус.
Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра на 6 октомври на „Олимпико“ во Торино (20.45 часот).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА