Проблеми во англиската селекција: Репрезентативците повторно ја кршат COVID-19 регулативата

Младите ѕвезди на англиската фудбалска репрезентација, Тами Абрахам, Бен Чилвел и Џејдон Санчо направија проблеми во националниот тим откако беа фатени како ја прекршуваат регулативата за заштита од коронавирусот пропишана од државата. Тие присуствувајќи на забава за роденденот на Абрахам го прекршија правилото на дозволени собири со најмногу шест лица. На забавата од која има и фотографии и снимки имало дваесетина луѓе.

Забавата која била во Лондон се случила само 36 часа пред да се јават на повикот од селекторкот Герет Саутгејт. Со оглед дека тројцата треба да бидат дел од составот кој ќе игра против Велс се стравува дека во опасност ја доведуваат целата репрезентација.

Абрахам веќе се извини за случката, а му се придружи и Санчо. Од ФА на Англија потврдија дека ги прегледале снимките. Сите репрезентативци денеска се тестирани за COVID-19.

Се вчитува...