Нови проблеми за Абрамович – британската Влада му го „замрзна“ Челси

Рускиот милијардер Роман Абрамович соопшти дека ќе го продаде Челси. Сметаше дека тоа е најдобра одлука за него и за клубот, после инвазијата на Русија над Украина.

„Секогаш носев најдобри одлуки во интерес на клубот. Се одлучив да го продадам“, рече Абрамович.

Меѓутоа утринските вести од Англија говорат дека Абрамович не може да го продаде Челси затоа што клубот оди на статус „замрзнување“.

Лондонскиот клуб ќе добие посебна лиценца со која ќе може да ги обавува сите активности во фудбалот, на трансфери на играчи, но ќе има статус на „замрзнат“, односно нема право да го продаде. Владата исто така му го замрзна и целиот имот на Русинот.

Абрамович се одлучи да го продаде клубот откако британската влада му воведе санкции околу забрана на тргување и влез во земјата. Абрамович ја прифати одлуката и се што има во Англија.

Се вчитува...