Нови проблеми за Барса: Араухо се договори со Јувентус

Роналд Араухо е несреќен во Барселона и сака да го напушти клубот веќе во јануари, а според вестите од Италија, тој веќе ги договорил личните услови со Јувентус.

„Старата дама“ мора да донесе стопер оваа зима бидејќи се дефицитарни во одбраната поради сериозните повреди на Бремер и Кабал.

Сепак, Барселона не знае ништо за договорот меѓу играчот и клубот од Торино, а Уругваецот има договор со Каталонците до јуни 2026 година. Знаат дека не е среќен што по опоравувањето не игра во тимот на Ханси Флик, но официјално барање од него и од Јувентус засега немаат добиено.

Како што пишува „Република“, Араухо планирал да го искористи слободниот ден по шпанскиот Суперкуп и да одлета за Торино на преговори, но ниту Барселона нема сознанија за тоа.

Каталонците имаат проблеми со регистрацијата на играчите и сигурно најисплатлива би била продажбата на Араухо.

Се вчитува...