Капитенот на Манчестер сити, Винсент Компани, на непријатен начин ја завршува 2017 година, иако неговиот тим „гази“ се по ред во Премиер – лигата. Дефанзивецот на „граѓаните“ заработи нова повреда на мускулот на ногата, и мораше да го напушти теренот по само десетина минути на вечерашниот меч против Њукасл. На негово место во игра влезе напаѓачот Габриел Хесус.
Компани всушност ја обнови повредата на листот на ногата, кој го мачеше и на самиот почеток од сезоната. Тој се врати во полн натпреварувачки ритам на 18 ноември против Лестер, но сега повторно ќе мора принудно да паузира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА