Нови проблеми за Далас Маверикс

Главна тема во кошаркарскиот свет во изминатите десет дена беше одлуката на генералниот директор на Далас Маверикс, Нико Харисон, да го замени 25-годишниот словенечки ас Лука Дончиќ за 32-годишниот Ентони Дејвис.

Општо познато е дека во франшизата од Тексас дојде центар склон на повреди, а од натпреварот против Сакраменто, Џејсон Кид не може да смета на уште еден центар, Даниел Гафорд.

Во поразот на Мавс по по продолженија од Сакраменто, 26-годишникот го повреди коленото, а извесно е дека за опоравување ќе мора да почека најмалку две недели.

 

Се вчитува...