Нови проблеми за Де Бур – Холандија останува без уште една ѕвезда на ЕВРО

Селекторот на Холандија, Франк де Бур се соочува со нови проблеми пред почотокот на Европското првенство. По Вирџил ван Дајк и голмано Јаспер Силесен од тимот отапдна и ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек.

Дони ван де Бек поради повреда нема да може да им помогне на соиграчите на ЕВРО, каде во група е заедно со Македонија, Австрија и Украина. Франк де Бур нема да повика дополнително фудбалер кој ќе треба да го замени младиот фудбалер.

Ова е уште еден голем удар во кариерата на Ван де Бек кој по доаѓањето во Манчестер Јунајтед не се снајде баш најдобро и не доби многу шанса од менаџерот, Оле Гунар Солскјер.

 

Се вчитува...