Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, трката за големата награда на САД ќе ја започне од боксот. Шпанецот имаше лоши квалификации, каде што првата сесија ја заврши на 17. место, додека неговиот клупски колега Ленс Строл заврши позиција подолу.
Двајцата возачи на Астон Мартин ќе ја започнат трката од боксот, бидејќи имаа мали прилагодувања на нивните болиди.
Од истата причина, возачите на Хас, Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг ќе ја започнат трката исто така од боксот. Трката за големата награда на САД која ќе се вози во Остин е закажана за во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА