Барселона, по последната сезона од соништата, добро влезе во новата сезона. Првиот пораз го забележаа против ПСЖ во мечот од Лигата на шампионите, а за Ханси Флик доаѓаат уште лоши вести.
По ПСЖ, и Севиља славеше против Барса со големи 4-1, а причина за падот на формата се повредите на играчите.
Во моментов надвор од терените се Ламин Јамал, Гави, Џоан Гарсија, Рафиња, Андреас Кристенсен и Фермин Лопез.
Лоши вести стигнаа и од репрезентативниот собир, бидејќи Фабрицио Романо пренесува дека Дани Олмо „заработил“ повреда на потколеницата на тренингот на Шпанија. Тоа го потврди и тренерот Луис де ла Фуенте.
„Олмо не тренираше цела недела и пристигна уморен, со одредена непријатност. Денеска не се чувствуваше добро, па му рековме да престан со тренингот“, изјави Де Ла Фуенте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

