Нови проблеми за Карло Анчелоти

Фудбалерите на Реал Мадрид, Родриго и Лукас Васкез поради повреди ќе бидат надвор од терените најмалку пет недели, пренесуваат шпанските медиуми. Родриго и Васкез се повредија пред два дена на натпреварот од 13. коло на Ла Лига против Осасуна (4-0).

Реал соопшти дека по денешните дополнителни прегледи е утврдено дека Родриго се здобил со повреда на мускулот на левата нога. Од Мадридскиот клуб изјавија и дека Васкез се здобил со повреда на левата нога.

Реал не соопшти колку долго двајцата играчи ќе мора да бидат надвор од терените, но шпанските медиуми тврдат дека Родриго и Васкез ги очекува пауза од најмалку пет недели. Клубот од Мадрид пред два дена објави дека Едер Милитао на натпреварот против Осасуна ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, поради што ќе биде опериран.

Актуелниот шампион на Европа и Шпанија има проблеми големи проблеми со повреди на играчите, бидејќи надвор од теренот веќе се Дани Карвахал, Давид Алаба, Тибо Куртоа и Орелиен Чуамени.

Се вчитува...