Нови проблеми за Куман пред Севилја и ПСЖ

Барселона не  ја заобиколија повредите оваа сезона. Куман најде замена за повредениот Пике, но ќе мора повторно да бара решение на клупата откако на дуелот против Бетис се повреди Роналд Араухо.

Колку долго ќе биде отсутен Уругваецот ќе биде познато во текот на наредните неколку дена во кои фудбалерот на Барселона ќе ги помине неопходните испитувања, а со сигурност се знае дека станува збор за истегнување на зглобот. Повреда која дефанзивецот ја заработи во осмата минута по интервенција во која незгодно застана на левата нога, а потоа мораше да ја напушти играта.

 

 

Се вчитува...