Серхио Агуеро на управата на Барселона и рекол дека сака да го напушти клубот. Ваквиот расплет на настаните секако е поврзан со заминувањето на Лео Меси од Барса.
Според каталонските медиуми, Агуеро побарал веднаш да ја напушти Барселона. Тој имаше голема желба да игра со својот пријател Меси во Барселона, и конечно за него се оствари кога дојде како слободен играч од Манчестер Сити.
Се чини дека Кун Агуеро имаше гаранции дека Меси ќе остане во Каталонија, бидејќи веќе е познато дека Лео си заминува, поранешниот играч на Сити и Атлетико не е среќен пред стартот на сезоната во Шпанија.
Серхио наводно побарал од адвокатот да ги провери можностите за раскинување на договорот уште пред да игра за Барселона. Италијанците веќе пишуваат дека Интер е тим кој е заинтересиран за Агуеро и би го донел како замена за Ромелу Лукаку, кој веројатно ќе замине во Челси.
💥 EL KUN AGÜERO VOL MARXAR DEL BARÇA
🚨 EXCLUSIVA @Laporteriabtv | El futbolista argentí i els seus advocats estan buscant la fórmula per sortir del Barça
📌 T’expliquem els motius de la decisió del Kun https://t.co/tkJsSNWwJs
— btv esports (@btvesports) August 6, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА