Лос Анџелес Лејкерс никако не можат да бидат комплетни сезонава и да немаат проблеми со повреди на првите ѕвезди на тимот. Откако скоро два месеци поради повреда на глуждот мораше да пропушти Ентони Дејвис, сега надвор од терените ќе биде најверојатно и Леброн Џејмс.
Како што пренесуваат американските медиуми повредата на глуждот која ја заработи Леброн на мечот против Далас не е воопшто наивна и тој ќе биде надвор од терените неколку недели. Дополнителните прегледи ќе откријат колку Лејкерс ќе бидат без својата прва ѕвезда.
Тоа значи дека шансите за плеј-оф на франшизата од ЛА се намалуваат и веројатно и годинава ќе останат без едно од местата кои водат во доигрувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

