Лос Анџелес Лејкерс загубија уште еден важен кошаркар. Лос Анџелес Лејкерс објавија по натпреварот со Оклахома Сити Тандер дека Лука Дончиќ ја заврши регуларната сезона поради повреда на тетивата.
И, како што велат несреќата никогаш не оди сама, уште една лоша вест беше објавена во саботата навечер. Вториот најдобар кошаркар на Лејкерс, Остин Ривс, исто така ја заврши регуларната сезона 2025/26 со повреда на стомачниот мускул.
Популарниот „Хилбили Мамба“ ќе отсуствува од 4 до 6 недели и постои можност да го пропушти првото коло од плејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

