На девет дена пред почетокот на СП во Германија и Данска, репрезентацијата на Хрватска и селекторот Лино Червар се соочува ат со нови проблеми со повредите. На стартот од завршната фаза од подготовките во Пореч, се повреди десното крило Јосип Божиќ-Павлетиќ и тој речиси сигурно ќе го пропушти настапот на Мундијалот.
„По извршените прегледи утврдена е парцијална руптура на мускулно-тетивниот дел на левата препона. Тешко е да се прогнозира колку ќе биде отсутен, но кај вакви повреди вообичаено опоравувањето трае најмалку три недели“ – потврдија од лекарскиот тим на хрватската репрезентација.
Червар како замена за Божиќ-Павлетиќ, во Пореч дополнително го повика Иван Вида.
Хрватска е еден од противниците на Македонија во групата Б во Минхен на престојното СП во Германија и Данска. Во оваа група уште се и селекциите на Шпанија, Исланд, Јапонија и Бахреин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА