Лионел Меси не го стартуваше најдобро Мундијалот со селекцијата на Аргентина, не реализира пенал за триумф против Исланд, а сега доби и нов удар. Повторно се соочува со даночни проблеми, а овојпат, како што тврди „Конфиденшијал“, се работи за документи кои доаѓаат од Панама.
Во името на Меси, во оваа земја е купена компанијата „Мега Стар Ентерпрајз“, а преку нејзината сметка имало сомнителни трансакции. Сето ова било дел од структурата која таткото на Меси ја користел за затајување данок во периодот од 2010 до 2013 година. Агенцијата која се бави со спречување на перење пари и финансирање на тероризмот, наишла на нови траги во февруари минатата година.
„Операцијата се одвиваше во тајност, но сега е разоткриена. Сепак, е во поодмината фаза и не можеше да остане неоткриена“, истакнаа од Агенцијата.
Меси е осуден на 21 месеци условна затворска казна и плати парична казна од 2 милиони евра за три кривични дела за затајување данок. Неговиот татко доби 15 месеци условна затворска казна и плати 1,4 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА