Нови проблеми за најголемиот трагичар на Австралија опен

Најголемиот трагичар на Австралија Опен, Лоренцо Музети ќе мора да биде на боледување најмалку три недели. Италијанецот ги доби првите два сета против Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето, а потоа се предаде при водство на најдобриот тенисер на сите времиња во третиот сет со 3-1.

Како што се очекуваше, повредата не е едноставна, штом мораше да го прекине натпреварот во кој имаше  таква предност.

„По лекарските прегледи и тестови, јас и мојот тим донесовме тешка одлука да се повлечеме од турнирите во Буенос Аирес и Рио де Жанеиро. Мојот фокус сега е на мојата рехабилитација за да се вратам на теренот што е можно поскоро“, објасни Музети на социјалните мрежи.

Музети е петти во светот, а доколку го победеше Ѓоковиќ, сега ќе беше трет.

Се вчитува...