Нови проблеми за Обрадовиќ: Смаилагиќ и Доузер се повредија на мечот против Задар

Жељко Обрадовиќ би можел да има нови главоболки кога е во прашање здравствениот билтен на актуелниот шампион во АБА лигата, Партизан.

Ален Смаилагиќ го искриви левиот зглоб на крајот од мечот против Задар, по што го напушти теренот придружуван од членовите на стручниот штаб. Засега не се знае степенот на повредата на Смаилагиќ, кој е многу важен во ротацијата во белградскиот тим. Претходно на седум минути до крајот Доузер лошо пролизга на теренот, по што остана да лежи во болка.

За потсетување, Алекса Аврамовиќ и Урош Трифуновиќ од претходно беа надвор од терените и двајцата поради повреда.

Се вчитува...