Нови проблеми за Реал, Серхио Рамос се повреди во дресот на Шпанија

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, заработил повреда на препоните на синоќешниот меч од Лигата на нации меѓу Хрватска и Шпанија (3-2), и го напушти националниот тим на „црвената фурија“. Тој се враќа во Реал Мадрид, каде лекарскиот тим ќе се обиде во најбрз можен рок да го оспособи за наредните предизвици на „кралскиот клуб“. Ова значи дека Рамос нема да настапи за репрезентацијата на Шпанија на пријателскиот меч против Босна и Херцеговина, в недела во Лас Палмас.

Повредата на Рамос секако не е добредојдена за новиот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, кој го загуби и Начо во следните два месеци, како и Кашемиро и младиот Серхио Регуилон за наредните три седмици. Во тимот има и четворица фудбалери кои допрва треба да се вратат во полн тренажен процес, Рафаел Варан, Марсело, Хесус Валјехо и Дани Карвахал.

Се вчитува...