Нови проблеми за Рис Џејмс

Фудбалерот на Челси, Рис Џејмс заработи повреда на грбот, поради што нема да може да им помогне на соиграчите во следниот месец. Џејмс се повреди за време на сесијата во тренинг центарот на сините, откако тимот се врати од турнејата низ САД.

Десниот бек сигурно ќе ги пропушти првите три натпревари на Челси во Премиерлигата поради суспензијата што ја доби кога беше исклучен на крајот од претходната. Англичанецот претходно пропушти голем дел од натпреварувањето во 2024 година поради повреда со која се здоби во зима, па не беше ниту повикан на Европското првенство.

Џејмс го искористи тоа за да се подготви што подобро пред почетокот на сезоната. Тој го започна секој од првите пет пријателски натпревари на Челси пред да доживее нова повреда.

Лондонскиот клуб на генералната проба победи со Интер со 1-1 на својот стадион. Гостите поведоа со голот на Маркус Тирам во 26. минута, а Челси израмни во 90. кога погоди Лесли Угочукву.

Се вчитува...