Нови проблеми за Шарунас Јасикевичиус

Кошаркарот на Фенербахче, Бонзи Колсон, заработи повреда на тетивата на десната нога и затоа ќе отсуствува околу три недели.  Колсон се повреди за време на натпреварот од 21-то коло од Евролигата, во кој актуелниот шампион на континенталното натпреварување беше поразен од Дубаи.

Фенербахче откри дека крилото претрпело истегнување на тетивата на десното колено, поради што се очекува да биде надвор од терените околу три недели.

Во досегашната сезона во Евролигата, Колсон има просек од 9,2 поени и 3,1 скока по натпревар.

Се вчитува...