Фудбалерите од најсилните европски лиги во светот ќе бидат пуштени во своите репрезентации само недела дена пред почетокот на Светското првенство во Катар кое ќе се одржи во ноември следната година, пренесува француски Л’екип.
Л’екип го пренесува писмото кое УЕФА го упатила кон сите 55 членки, а во него стои дека фудбалерите ќе бидат ослобдени од клупските должности на 14. ноември 2022 година.
Сето тоа е поради густиот распоред кој ќе биде во сезоната 2022/2023. Светското првенство досега традиционално се одржуваше во јуни и јули месец, но поради високите температури во Катар во тој дел од годината тоа е закажано за во ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА