Најдобриот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ веќе некое време е во немилост на симпатизерите на власта во Србија. Сè започна кога јавно застана на страната на студентите кои започнаа масовни протести низ целата земја по трагедијата во Нови Сад.
На почетокот на минатата година, Новак ги поддржа студентите и со тоа му го сврте грбот на Александар Вучиќ и на властите во Србија, а тоа навистина ги вознемири оние кои се симпатизери на претседателот на таа земја.
Така, во центарот на вниманието се најде новинарот Драган Ј. Вучиќевиќ, кој не ја крие својата поддршка за Вучиќ и актуелната влада, а минатата година отиде дотаму што го нарече Ѓоковиќ неуспешен тенисер, постојано повторувајќи го тоа.
Присуството на Ѓоковиќ во Зеница на натпреварот БиХ – Италија предизвика негодување кај споменатиот дел од јавноста во Србија, а токму Вучиќевиќ повторно срамно го прозва Новак, истакнувајќи дека нема Срби кои навиваат за Босна и Херцеговина.
„Нема Србин кој навивал за Босна и Херцеговина против Италија и кој ќе навива за Босна и Херцеговина по ова. Да, го имаше Новак Ѓоковиќ во Зеница. Реков за него и ќе го кажам повторно, тој е неуспешен тенисер, откако почна да пумпа ништо не освоил и нема да освои“ – рече Вучиќевиќ, а неговата изјава може да ја погледнете ТУКА.
Сепак, Вучиќевиќ беше жестоко критикуван во Србија поради новиот напад на Ѓоковиќ, притоа служејќи само за потсмев кај објективната мнозинска јавност во Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

