Нови лоши вести од Италија, само еден ден откако во Рим во вечното почивалиште беше испратен легендата на југословенскиот фудбал, Синиша Михајловиќ.
Италијанските медиуми пренесуваат дека влошена е здравствената состојба и и на едно од најголемите имиња на италијанскиот фудбал, Џанлука Вијали.
Поранешниот италијански репрезентативец и фудбалер на Јувентус, Сампдорија и Челси, од 2017 година се бори со рак на панкреасот. Во 2020 година Вијали ја доби првата битка со болеста, но ситуацијата повторно се искомплицира и деновиве итно е префрлен на клиника во Англија каде ќе ја продолжи битката за животот.
Во Лондон заминала и неговата мајка како поддршка за својот син кого го очекува нова борба со тешката болест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА