Уште тројца руски возачи на боб се суспендирани пордаи позитиувен допинг тест на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година. По повтореното тестирање на примероците, суспендирани се Александар Касјанов, Алексиј Пушкарев и Илир Кузин.
Тројцата натпреварувачи беа дел од посадата на Русија која во Сочи првично заврши на четвртото место, но потоа им беше доделен бронзениот медал, бидејчи првиот тим на Русија што освои злато исто така беше суспендиран поради допинг. Сега Русите ја губат и оваа олимписка бронза која на крај треба да и припадне на Велика Британија кога Меѓународниот олимписки комитет и формално ќе реши да ги прераспредели медалите.
Пред неколку дена ИОК поради допинг санкционираше и две руски биатлонки од руската штафета во Сочи и ги поништи нивните резултати по што Русија остана без уште еден медал на последните Зимски олимписки игри.
Допинг аферата поврзана со руските спортисти не стивнува и во пресрет на ЗОИ 2018 што ќе се одржат во февруари во Пјонгчанг. Дел од врвните спортисти јавно се залагаат на руските спортисти да им биде забранет настапот на Олимпијадата во Пјонгчанг.
Чешката биатлонка Габриела Коукалова, победничка во Светскиот куп во 2016 година, побара употребата на допинг да се третира како криминален престап и руските спортисти да добијат забрана за учество на ЗОИ во Пјонгчанг.
„Ферплејот и чесната игра се многу поважни од победите во спортот и во животот во целина“ – напиша 27-годишната Кукалова на својот фејсбук профил.
ИОК веќе изрече доживотна суспензија за 19 руски спортисти и на 5 декември ќе бдие донесена конечната одлука за учеството на рускиот тим на ЗОИ 2018 во Пјонгчанг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА