Женската штафета на Австралија на 4х50 метри мешано го освои златниот медал во неверојатна трка на Светското првенство во мали базени во Мелбурн. Домашната штафета во состав: Моли Окалахан, Челси Хоџис, Ема Мекион и Медисон Вилсон до златото стигна со време од 1:42.35 минута што е за три стоти делови од секундата подобро од досегашниот рекорд кој беше во сопственост на САД. Токму Американките го освоија сребрениот медал, додека со бронза се закити Шведска.
До светски рекорд стигна и машката штафета на Италија на 4х50 метри мешано. Штафетата на Италијанците во состав: Лоренцо Мора, Николо Мартиненги, Матео Риволта и Леонардо Деплано до златото стигна со време од 1:29.72 минута што е за 42 стотинки од претходниот рекорд кој исто така беше во нивна сопственост. Среброто како и кај дамите им припадна на Американците, додека со бронза се закитија домашните Австралијци.
Светски рекорд постави и неверојатната Литванка, Рута Мелиутите која во полуфиналето на 50 метри градно, делницата ја исплива за 28.37 секунди, што е за 19 стоти делови од секундата подобро од досегашното најдобро време на Јамајчанката, Алија Еткинсон.
Италијанецот Грегорио Палтиниери стигна до златниот медал на 800 метри слободно со нов рекорд на шампионатите 7:29.99 минути. Рекорд на шампионатите постави и Ема Мекион, која делницата на 50 метри слободно ја помина за време од 23.04 стотинки што беше за четири стотинки подобро од досегашниот рекорд на Швеѓанката, Сара Сјостром.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА