ПСЖ ќе биде сериозно ослабен за утрешното гостување против Брест откако тренерот Галтие остана без помошта на уште тројца првотимци. Нејмар и Кимпембе ќе минат уште подолго време надвор од терените, но главоболките на „светците“ значително се зголемија откако нови тројца играчи се пожалија на повреди по реваншот со Баерн Минхен.
Ашраф Хакими има мала повреда на мускулот, но доби поштеда и поради фактот дека му треба време за одново да се фокусира на фудбалот по обвиненето за силување што неодамна беше покренато против него.
Маркињос настапи повреден против Баерн, па мораше да биде заменет откако ситуацијата му се влоши, а незгодна повреда заработи и неговата замена Мукиеле, кој исто така нема да може да настапи против Брест.
Останува да се види реакцијата на „светците“ по елиминацијата од Лигата на Шампионите, во обид уште повеќе да ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Олимпик Марсеј што моментно изнесува осум бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА