Нови возбудувања на скопскиот асфалт – последна трка „Скопје круг“

Ниту дождливото време не можеше да го расипе впечатокот на денешната трка „Скопје круг“, последна од календарот на кружни патеки од домашното првенство за авомобилизам.

Покрај возбудливите трки, можеше да се проследи и презентација на тркачките возила Твинго, а денешната трка имаше и хуманитарен карактер, па беа доделени донации на деца од СОС детското село.

Класа 1 – 1150 кубни сантиметри

1 – Филип Василевски АКК Никола Карев
2 – Александар Стојанов Автоклиника (дебитант)
3 – Александар Георгиевски Кастум кар

Класа 2 – Н 1400 кубни сантиметри

1- Марио Велковски Кастум кар
2- Мартин Делев Кастум кар
3 – Тоше Темелковски АКК Никола Карев

Класа 3 – Е1 1600 кубни сантиметри

1 – Филип Џуклески АКК Никола Карев
2 – Орхан Амет Автоклиника
3 – Перо Георгиевски Кастум кар

Класа 4 – Е1 2000 кубни сантиметри

1 – Давид Малинковски Кастум кар (најбрз круг на дожд 1:39:384)
2 – Југослав Милошевски АКК Никола Карев
3 – Бојан Петрушевски Автоклиника

Класа 7

1- Даниел Младеновски АКК Никола Карев
2 – Ненислав Петковиќ АКК Никола Карев
3 – Даниел Симиќ АКК Никола Карев

Екипна конкуренција:

1 – АКК Никола Карев 30 поени
2 – Кастум кар 28 поени
3 – Автоклиника 22 поени

Интернационалци

Група А – Ристо Вуков Бееп Бееп (Македонец со српска лиценца)

Група СП – Владица Рабреновиќ БУФ (Београдско Удружење Фициста)

Група Х
1 – Боривоје Гајиќ – Г.А.Г.А Авала
2 – Дејан Илиќ – Џенингс ЊРР
3 – Саво Јанчевиќ – БУФ

Се вчитува...