По натпреварот помеѓу Денвер и Далас, српскиот интернационалец, Никола Јокиќ имаше шанса да го прокоментира натпреварот на својот матичен јазик, а дописникот на „РТС“ го насмеа центарот на тимот од Колорадо со симпатичен лапсус, прашувајќи го какво е чувството да играш против Лука Јокиќ.
„Дончиќ, а не Лука Јокиќ, јас сум Јокиќ“ – низ смеа рече Србинот.
— SportBot (@SportBot11) January 26, 2021
Словенецот и Србинот повторно беа најдобрите играчи во својот тим. Асот на Далас натпреварот го заврши со трипл-дабл од 35 поени, 16 асистенции и 11 скока, додека центарот на Денвер постигна 20 поени, 10 скока и 4 асистенции во победата на својот тим. Па, во продолжение Јокиќ не го криеше пофалните зборови за „балканскиот противник“.
„Се шалам, Лука е фантастичен. Знае да изнуди фаул, единствен, мислиш дека ќе направи нешто, а он ве изненадува и прави нешто сосема различно. Убаво е да го гледаш и да играш против него, можеш и да научиш нешто од него“ – додаде единствениот Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

