Новинар на УЕФА му фаќаше сеир на Баерн, па си доби отказ

Новинар на УЕФА пишуваше текстуален пренос од четвртфиналето помеѓу Манчестер Сити и Баерн, а на сред натпревар напиша нешто што го чинеше работа. На крајот на март, Баерн го замени Јулијан Нагелсман со Томас Тухел. Сепак, во вторникот минхенскиот тим беше тешко поразен со 3-0 на гостувањето кај Манчестер Сити во првото четвртфинале од Лигата на шампионите.

Со Нагелсман на клупата, оваа сезона Баерн прими гол само од Викторија Плзен во Лигата на шампионите, додека празната мрежа ја задржа на два натпревари против ПСЖ, како и Барселона и Интер. Сосема поинаква беше приказната против Сити.

Целата ситуација погрешно ја процени новинарот кој го пишуваше преносот во живо од натпреварот за официјалната веб страна на УЕФА.

„Еден денар за мислите на Џулијан Нагелсман“, напиша новинарот. 

Со таа порака тој видно и фаќаше сеир на управата на Баерн. Иако новинарот имал хумористични намери, неговото однесување не и се допаднало на УЕФА, па тој бил отпуштен од компанијата токму поради тој коментар.

Европската фудбалска организација му се извини на Баерн за непримерниот коментар, а дотичниот новинар мора да бара нова работа.

Се вчитува...